Патоказ во светот на движењето

Логистичка поддршка скроена според вашите
потреби за оддржлив развој и зголемена вредност
на дистрибутивниот синџир.

Контакт

Услуги

Професионална и квалитетна услуга

Стабилен пораст преку развивање и одржување на блиски врски со коминтентите, врски кои ја зголемуваат вредноста на дистрибутивниот канал.

за нас

Со цврста визија за себе и за нашите партнери

Стратешката определба на компанијата е да ги задоволи потребите и барањата на клиентите со понуда на квалитетни услуги.

Мисија

Сеопфатна логистичка поддршка ефикасно скрoена по потребите на секој коминтент.

Визија

Стабилен пораст преку развивање и одржување на блиски врски со коминтентите, врски кои ја зголемуваат вредноста на целиот дистрибутивен канал.

Стратегија

Вложување во човечки ресурси, современ пристап кон развој на интелектуален капитал и инвестиции во долготрајни врски со коминтeнтите преку проактивна соработка.

Логистички партнер на којшто можете да се потпрете

Постојана грижа за долготрајна и квалитетна соработка со своите клиенти, добавувачи, подизведувачи и сите заинтересиран страни.

Контакт

Глобални логистички решенија

Дејноста на ДИМА е базирана на професионализам, интегритет и конзистентност. Работиме за да ви понудиме високо квалитетна шпедитерска услуга и сеопфатни логистички решенија. Нашата ориентација е кон квалитетот и неговото постојано подобрување.

Низ нашето 30-годишно искуство имавме можност да бидеме партнери во речиси сите сектори, од компјутерска опрема до прехранбени производи, од фармацевтски производи и медицински помагала до градежни машини и материјали. Низ годините имаме извршено најразлични шпедитерски услуги како за правни така и за физички лица.

Уверени сме дека ниедна услуга не би можела да биде доволно професионална, ниту пак доволно квалитетна доколку не е произведена од квалитетен тим. Затоа веруваме и вложуваме во постојано подобрување на човековите ресурси и унапредување на комуникацијата со партнерите.

Нашата цел во однос на работата со клиентите е постигнување на проактивна соработка преку која би биле во можност да ги имаме предвид идните потреби на нашите партнери. Ова е еден од аспектите на нашата работа на кој сме најмногу насочени и во кој инвестираме многу време и работа.
Дозволете да ве поканам да ни се придружите како партнер за да чекориме заедно низ предизвиците на иднината и да постигнеме многу заеднички успеси.

Дозволете да бидеме вашиот патоказ во светот на движењето.

Димче Георгиевски

Клиенти

Бизниси со коишто растеме