Со цврста визија за себе и за нашите партнери
Стратешката определба на компанијата е да ги задоволи потребите и барањата на клиентите со понуда на квалитетни услуги.
Мисија
Сеопфатна логистичка поддршка ефикасно скрoена по потребите на секој коминтент.
Стратегија
Вложување во човечки ресурси, современ пристап кон развој на интелектуален капитал и инвестиции во долготрајни врски со коминтeнтите преку проактивна соработка.
Визија
Стабилен пораст преку развивање и одржување на блиски врски со коминтентите, врски кои ја зголемуваат вредноста на целиот дистрибутивен канал.
Животна Средина
ДИМА се стреми кон ефикасно користење на сите ресурси и заштита на животната средина. Возниот парк се состои од нови возила со ниска потрошувачка и низок степен на загадување.
Политика на квалитет
Ние веруваме во интегритет, во стабилност, во конзистентност, но и во флексибилност и современост. Наша цел е да понудиме професионална и квалитетна логистичка услуга од областа на шпедицијата и транспортот.
Стратешката определба на компанијата е да ги задоволи потребите и барањата на клиентите со понуда на квалитетни услуги. Постојаната грижа за долготрајна и квалитетна соработка со своите клиенти, добавувачи, проидизведувачи и сите заинтересиран страни ни дозволува да континуирано да ги подобруваме понудените производи и услуги.
Основата на нашата услуга е тимска работа и ефикасно координирање и искористување на сите ресурси. Затоа уверени сме дека секоја успешна фирма мора да воспостави трендови за постојано подобрување на сите процеси и активности.
Детерминирани сме да работиме ефективно и ефикасно и во согласност со Глобалните цели за одржлив развој.
Исполнување и надминување на барањата на клиентите.
Подготвеност за излез во пресрет на сите заинтересирани страни и партнери на кои им е потребна наша помош.
Вложување на напори за зачувување на здравјето и безбедност на вработените, добавувачите и подизведувачите.
Вклученост на сите вработени во системот за управување со квалитет, со нивната висока стручност и компетентност.
Грижа за континуирана обука и едукација на вработените како основна потпора на системот за управување со квалитет.
Стремење кон подобрување на своите дејности и услуги во склад со животната средина, преку доследно почитување на законите, прописите и стандардите.
Континуирано преиспитување на политиката и целите на друштвото од страна на раководството.
Примена, одржување и континуирано унапредување на системот за управување со квалитет.
Логистички партнер на којшто можете да се потпрете
Постојана грижа за долготрајна и квалитетна соработка со своите клиенти, добавувачи, подизведувачи и сите заинтересиран страни.
Контакт